Лого Квиз е супер-забавна апликација во која е потребно да го погодите логото коешто ќе го видите на фотографијата. Со точен одговор и погодување на едно од 363-те логоа, ќе добиете толку поени колку што има ѕвездички логото.
При погодувањето имате можност да добиете „hint“. Доколку го искористите ќе ви бидат одземени 7 поени од вкупниот број на освоени поени.
Квизот е составен од 12 нивоа, секое наредно потешко од претходното. Главната цел е да се достигне стадиумот: „Знам 363 македонски брендови“.
Кој има познавања од македонски брендови, лесно ќе се снајде, кој не, ќе научи.
Смешно е да живееш во Македонија, а да не ги знаеш домашните брендови.
Повелете, испробајте се, да видиме колку знаете :)
Идејата и ресурсите се преземени од апликацијата ЛОГО КВИЗ на Александар Станковски.